ЕКОНОМИЈА

Македонската филмска индустрија во Холивуд

kupi

Македонската филмска индустрија и можностите за снимање на филмови во Република Македонија беа презентирани во САД  преку текст во специјализираниот магазин за филмска индустрија Variety.

Имено, Variety е магазин (неделен и дневен) со голем тираж и голема читаност,  проценета бројка на читатели е околу 120.000, додека пак веб страната variety.com има 14 милиони посети дневно.

Македонската филмска индустрија и можностите за снимање на филмови во Македонија, како и прекрасните локации кои ги нуди, Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија успешно ги промовира во светскиот филмски центар Лос Анџелес преку својот промотор Васко Давидовски.

Електронското издание можете да го прочитате на следниов линк.