19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТВ права за Премиерлигата платени 5 милијарди фунти

ТВ права за Премиерлигата платени 5 милијарди фунти

Premier-League-Logo-21

Англиските клубови во иднина ќе можат да трошат уште повеќе пари на засилувања, бидејќи телевизиските права за пренос на натпреварите во периодот 2016-2019 се платени неверојантни 5,13 милијарди фунти.

Според ова секој клуб на крајот од сезоната, во зависност од пласманот, ќе добие најмалку 99 милиони фунти, додека шампионот ќе биде побогат за 156 милиони фунти.

Рекордната сума за пренос на натпреварите ја платија досегашните носители на правата, Skay Sports и  British Telecommunications (BT).

Sky Sports, на чии платен список како коментатори се наоѓаат Тиери Анри и Гери Невил, ќе пренесува пет од седумте натпревари во понудата, вклучувајќи го и новиот термин, во петок навечер.

Првиот телевизиски договор за преносите на натпреварите од Премиерлигата е потпишан во 1992 година и чинел 191 милиони фунти, или 600.000 фунти по натпревар. Сега една натпревар чини 10,2 милиони фунти, што значи дека вредност на ТВ правата за 23 години пораснале за 27 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП