Својата популарност смартфон „OnePlus One“ ќе почне да ја шири по нова оригинална шема. Компанијата најави дека тој ќе може да биде купен слободно секој вторник.
Во останатото време се задржува сегашната шема, во која право за купување на смартфонот може да се стекне само со претходна покана. Ова го забавува темпото на продажбата и истовремено го крева интересот кон смартфонот „OnePlus One“. Според компанијата причината за оваа тактика е дека така може да реализираат сите нарачки.
Самиот уред пак привлекува внимание со својот моќен хардвер и ниската цена. Верзијата на телефонот со 16GB внатрешна меморија чини 299 долари, а таа со 64GB – 349 долари. Секој кој ќе купи телефон за време на слободната продажба, исто така ќе добива покани кои може да им ги даде на своите пријатели и тие да се здобијат со правото за купување на смартфонот.
Уредот го користи „CyanogenMod“ за својот оперативен систем, кој е модифициран „Android“. „CyanogenMod“ е една од најпопуларните модификации на „Android“ и веќе дури има сопствена компанија која цели да го претвори во самостоен оперативен систем.
„OnePlus One“ користи 4-core процесор „Krait 400“ и видеоконтролер „Adreno 330“. Вградената RAM меморија е 3GB. Смартфонот има 13 МР камера на задниот панел со двоен LED блиц. На предниот панел има 5 МР камера со опција за „Full HD“ видео снимање. Вградената батерија е со капацитет 3100 mAh, но не може да се извади.