26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЛегендарната германска марка се враќа на пазарот (фото)

Легендарната германска марка се враќа на пазарот (фото)

Borgward-Rhombus

Германскиот производител на автомобили „Borgward“ се подготвува за враќање на пазарот, на кој не присуствуваше повеќе од 50 години. Првите нови модели на ревитализираниот бренд ќе ги видиме на саемот во Женева во март.

Информацијата е ограничена, но претседателот на „Borgward“, Кристијан Боргвард прецизира дека во Женева ќе бидат откриени првични верзии на новите модели на компанијата, како и  стратегијата за нејзиниот развој.

Borgward-Rhombus1

„Преродбата на „Borgward“ е мој детски сон, кој е на пат да се реализира“, вели Кристијан Боргвард кој е внук на основачот на компанијата Карл Боргвард.

„Повеќе од десет години го подготвуваме ова враќање. Новите модели ќе продолжат со традицијата на брендот, имено иноваторство и неповторлив стил“, додава тој.

Borgward-Rhombus2

Компанијата „Borgward“ е основана во 1919-та година, со што стана еден од најголемите производители на автомобили во Германија. Таа произведува не само автомобили, но и камиони и дури и хеликоптери. Но во 1961-ва година овој производител прогласи банкрот. Едни од најпопуларните нејзините модели се „Hansa 1500“, „Isabella“ и „P100“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП