2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRaiffeisenbank се повлекува од Полска и Словенија

Raiffeisenbank се повлекува од Полска и Словенија

Raiffeisen-bank-russia333

Управниот одбор на „Raiffeisenbank International“ (РБИ) одлучи да го намали работењето, а за да го ослободат капиталот, донесоа одлука да ги продадат банките ќерки во Полска и Словенија.

Австриската банка има намера да го намали ризичното работење и од тие пазари да се повлече во целост, со што очекува подобрување на капиталот на банката.

Освен во Полска и Словенија, се планира и намалување на ризиците на работењето во Русија за 20% до 2017 година, додека во Украина ризиците треба да се намалат на 30%.

Вредноста на банката-ќерка во Русија веќе е отпишана во билансот за минатата година.

РБИ минатата година, за првпат во историјата имаше огромна загуба од дури 413 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП