12 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИВнимавајте што зборувате пред вашите паметни телевизори!

Внимавајте што зборувате пред вашите паметни телевизори!

sams tv spion

„Samsung“ ги предупреди корисниците да избегнуваат да коментираат за лични информации пред своите паметни телевизори! Предупредувањето се однесува за луѓето кои го контролираат својот „Samsung Smart TV“ преку гласовни команди, пишува „BBC“.

Овие телевизори го „слушаат“ секој разговор што се одржуваат пред нив и можат да ги споделат информациите што ги слушаат, со „Samsung“ или со други, посочуваат од компанијата.

Активистите за заштита на личните податоци велат дека технологијата потсетува на екраните кои ги шпионираат граѓаните во книгата на Џорџ Орвел „1984“.

Предупредувањето се појави на виделина преку приказна објавена во онлајн списанието „Daily Beast“ што објави извадок од точка од правилата за приватност на „Samsung“ поврзани со нејзините паметни телевизори.

Во документот се објаснува дека телевизорот ги слуша луѓето во собата и се обидува да препознае кога тие издаваат команди насочени кон него.

„Ако кажаното од Вас содржи лични или други деликатни информации, оваа информација ќе биде меѓу податоците кои ќе бидат снимени и предадени на трета страна“, стои во упатствата на „Samsung“.

Корин Макшери (адвокат) се занимава со интелектуална сопственост во „Electronic Frontier Foundation“ (EFF), тврди дека третата страна најверојатно е компанија која го претвора говорот во текст кој треба да го испорачува до „Samsung“.

„Ако бев корисник, јас би сакал да знам која е таа трета страна и дефинитивно ќе сакам да знам дали зборовите ми се предадени во заштитена форма“, коментира таа.

Набргу потоа активист од „EFF“ ја објави изјавата за политиката на „Twitter“, споредувајќи го со описот на екраните во романот на Орвел, кои прислушуваат што зборуваат луѓето во своите домови.

Во одговорот за широко споделениот документ, „Samsung“ даде изјава, за да се разјасни како точно работи говорната активација.

Компанијата наведува дека нејзината политиката за доверливост на податоците е искуство да биде транспарентна во својата дејност, па да им помогне на корисниците да прават информиран избор дали да користат некои функции на своите паметни телевизори. Компанијата додава дека ја прифаќа заштитата на личните податоци на корисници „многу сериозно“.

„Ако еден корисник е согласен и ја користи функцијата за препознавање на глас, податоци од говорните пораки се обезбеди на трети лица за време на побараното пребарување на гласовната команда“, посочува „Samsung“.

Од компанијата дополнуваат дека предметните податоци се испраќаат до серверот, кој ја бара бараната содржина и дури тогаш враќа за посакуваната команда на телевизорот.

Компанијата наведува дека потрошувачите секогаш знаат дали говорна активација е вклучена, бидејќи иконата на микрофонот се гледа на екранот. Третата страна, сепак не е откриена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП