2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвростат: Македонија со 47,9 отсто енергетска зависност

Евростат: Македонија со 47,9 отсто енергетска зависност

eurostat1_201529142928

Република Македонија има енергетска зависност од 47,9 отсто од вкупните потреби на населението, а земјата произведува 1,4 милиони Мтое (енергија пресметана според еквивалент на милион тони нафта), од кои 77,9 проценти од цврсти горива (јаглен и дрво), а 22,1 отсто од обновливи извори.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, ова го покажуваат последните податоци на Европската канцеларија за статистика (Евростат) за производство и потрошувачка на енергија за 2013 година.

Според овие податоци, севкупната енергетска поторшувачка во Македонија во 90­тите години на минатиот век била 2,4 Мтое, а во 2013 година била 2,7 Мтое со тоа што има потреба да увезува 47,9 проценти од потребната енергија.

Во споредвба со Еворпската унија, Македонија е на речиси идентично ниво, бидејќи во просек земјите­членки на Унијата се зависни за 53,2 проценти од увоз на енергенси (најголем дел од Руската Федерација). Притоа, од самите ЕУ­земји, најзависна од увоз на енергија е Малта (104,1 проценти), а најмалку зависна е Данска (12,3 отсто).

Со 135 Мтое или 17 отсто од целосното производство на енергија, Франција е земја што е најголем производител на енергија во рамки на ЕУ за 2013 година, пред Германија (121 Мтое ­ 15%), Велика Британија (110 Мтое ­ 14%) и Холандија и Полска (71 Мтое ­ 9%). Во овој дел, Македонија произведува 1,4 Мтое (енергија пресметана според еквивалент на милион тони нафта), од кои 77.9 проценти се произведува од цврсти горива (јаглен и дрво), а останатите 22,1 отсто од обновливи извори на енергија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП