12 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИUbuntu смартфоните наскоро во продажба (видео)

Ubuntu смартфоните наскоро во продажба (видео)

ubuntu h999

За создавање на таков телефон се зборува со години, но сега изгледа дека првиот телефон со оперативен систем „Ubuntu“ всушност е на пат да стане реалност.

Продажбата на моделот „Aquarius E4.5 Ubuntu Edition“ треба да започне во делови од Европа веќе оваа недела.

„Canonical“, компанијата која го предводи развојот на оперативниот систем со отворен код „Ubuntu“, ќе го продава смартфонот „Aquarius“ на сајтот „BQ.com“ само за 169.90 евра, со што ќе конкурира на останатите уреди во ниската и средната класа.

Телефонот користи 1.3GHz „quad-core“ процесор „MediaTek“, 1GB RAM, 8GB меморија, 8-мегапикселна камера, како и „HD“ дисплеј. Смартфонот исто така работи со две „SIM“ што заедно со најниската цена, го прави привлечен за корисниците кои преферираат поевтини уреди.

Дури и ако адаптацијата на апликации на телефонот со „Ubuntu“ да е толку лесно како што тврдат од „Canonical“, телефонот тешко ќе се натпреварува со најевтините „Android“ уреди кои имаат пристап до стотици илјади апликаци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП