28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAlibaba купува мал удел во Meizu за 590 милиони долари

Alibaba купува мал удел во Meizu за 590 милиони долари

alibaba 39

Кинескиот гигант „Alibaba“ постигнал договор да плати 590 милиони долари за малцински удел во локалниот производител на смартфони „Meizu“, посочија двете компании во заедничка изјава, пренесува „Reuters“.

Минатата година „Meizu“ кој користи оперативен систем развиен од одделот за „облак“ технологијата на „Alibaba YunOS“ на својот најпопуларен модел на смартфон.

„Alibaba“ ќе го интегрира својот мобилен оперативен систем со хардверот на „Meizu“ и ќе обезбеди поддршка во електронска трговија, мобилен интернет и анализата на податоци, се вели во соопштението.

„Инвестицијата во Meizu претставува важен чекор во целата  наша мобилна стратегија, бидејќи ние се стремиме да им направиме на потрошувачите поширок спектар на мобилни предлози и искуство“, рече главниот техничкиот директор на „Alibaba“ Ванг Џиен.

„Meizu“, која е основана во 2003-та година и е со седиште во јужниот град Џухај, е еден од помалите производители на паметни телефони во Кина по гигантите „Xiaomi“, „Huawei“ и „Lenovo“.

Структурата на кинескиот пазар на смартфони вклучува неколку компании кои продаваат поевтини модели од „Samsung“, кои го користи оперативниот систем „Android“ и „Apple“.

„Alibaba“, основана од Џек Ма во 1999-та година, е најголемата компанија за електронска трговија во Кина. Минатата година компанијата оствари најголема иницијална јавна понуда во историјата на берзата во Њујорк.

Основната платформа на „Alibaba“ – „Taobao“, достигнува до повеќе од 90 отсто од кинескиот потрошувачки пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП