1 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИОдложено лансирањето на „вселенскиот метеоролог“

Одложено лансирањето на „вселенскиот метеоролог“

roket 35

Приватната американска компанија „SpaceX“ го одложи лансирањето на сателитот што требаше на научниците да им дозволи од блиску да ги набљудуваат активностите на Сонцето и ќе алармира за сончевите ерупции.

Според претставници на компанијата, одложувањето на лансирањето е заради технички причини. Радарската станица крај платформата за лансирање во Кејп Канаверал на Флорида, престана да функционира. Покрај тоа, биле регистрирани проблеми во работата на видеокамерата, монтирана на ракетата Фалкон 9, која треба да го однесе сателитот во вселената.

Сателитот треба да пропатува над милион километри и ќе се позиционира меѓу Земјата и Сонцето, од каде ќе го следи сончевиот ветер и реакцијата на нашата планета.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП