10 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSiri e најдобар виртуелен асистент

Siri e најдобар виртуелен асистент

servisi 35356

Во тестирањето на трите водечки мобилни виртуелни асистенти („Cortana“, „Google Now“ и „Siri“) кое го спроведе компанијата „Globalme“, „Siri“ беше најпрецизен во повеќејазичните услуги.

Тестирањето на секој од асистените се состоеше од низа од 18 различни прашања кои беа поставени на пет различни јазици: англиски, италијански, француски, германски и мандарински.

Според утврдениот систем на бодување, за секој точен одговор сервисот добиваше по 1 бод, половичните одговори беа 0.5 бода, додека 0 бодови беа доделени во случаите кога сервисите не ги разбираа прашањата, даваа резултати кои не биле релевантни или воопшто не можеа да го процесираат поставеното прашање.

servisi 35356111111111

Прашањата поставувани на англиски јазик очекувано даваа најпрецизни одговори на сите три сервиси, „Siri“ беше прв со 14.5 бодови, „Cortana“ е втора со 12.5 бодови, а на трето место се најде „Google Now“ со 11.5 постигнати бодови.

Вториот најпрецизен јазик беше италијанскиот, а „Siri“ е во овој случај постигна 14.5 бодови. Другите два ривали постигнаа полоши резултати. „Google Now“ забележа 8.5 бода, а „Cortana“ 6 бодови. Германскиот и францускиот јазик имаа резлутати скоро идентични со оние од тестирањето на италијанскиот јазик.

На последно место според прецизноста се најде мандаринскиот јазик. „Siri“ тука е водечки со 13.5 бода, додека конкурентите беа далеку позади. „Cortana“ постигна 5 бода, додека „Google Now“ освои 1.5 бода.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП