17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗдруженијата не ги прифаќаат измените за хонорарците, сепак ќе има протест

Здруженијата не ги прифаќаат измените за хонорарците, сепак ќе има протест

protest honora!!!

Потписниците на Повелбата за солидарност за заштита на работничките права, граѓански здруженија, активисти и поединци ги отфрлаат најавите за измени на законите за придонеси за хонорарна работа и остануваат на барањата доставени на 12 декември, од кои првото е повлекување на законските измени.

„Одбиваме да бидеме предмет на манипулации  со цел да се амортизира незадоволството на илјадници граѓани кои  протестираа и бараа укинување на законите откако беа соочени со откази, намалувања и доцнења на приходите. Затоа остануваме на најавата за протести на 13 февруари, петок во 14 часот“

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ до Собранието ќе достави предлог за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување.

Со најновите измени и дополнувања на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување лицата кои не се вработени, а остваруваат приходи по основ на договор, придонеси ќе плаќаат само на разликата меѓу исплатениот нето надоместок и минималната плата.

Вработените лица и пензионерите кои остваруваат приходи по основ на договор придонеси ќе плаќаат само на разликата меѓу исплатениот нето надоместок и просечната нето плата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП