4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДејан Манасков се пресели во Вецлар

Дејан Манасков се пресели во Вецлар

FYRO MACEDONIA-TUNISIA

Поранешниот играч на Металург, Дејан Манасков кариерата ќе ја продолжи во германската Бундеслига, во тимот на Вецлар.

Левото крило, со деветтопласираниот тим во германското првенство потпишал договор до крајот на сезоната.

„Потпишав за Вецлар до крајот на сезоната, веќе сум во Германија и од утре започнувам со тренинзи“, ја пренесува изјавата на Манасков интернет страницата на весникот „Македонски спорт“.

Најголема ѕвезда на Вецлар е Ивано Балиќ, а во тимот настапува и поранешниот играч на Металург, Владан Липовина.

Покрај Манасков во Бундеслигата до крајот на сезоната ќе настапува и Филип Миркуловски кој се пресели во Хановер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП