25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSwatch подготвува паметен часовник со кој ќе му конкурира на Apple Watch

Swatch подготвува паметен часовник со кој ќе му конкурира на Apple Watch

swatch 553

Познатата компанија за часовници „Swatch“ подготвува свој паметен часовник кој нема да мора да се полни. Компанијата планира да започне со продажбата на уредот во текот на следните три месеци, објави „Guardian“.

Часовникот ќе се потпира на технологијата „NFC“ за да комуницира со други уреди. Навистина нема да мора да се полни и ќе работи со „Windows“ и „Android“ уреди, вели извршниот директор на „Swatch“, Ник Хајек. Тој ќе поддржува и мобилни плаќања.

За сега Хајек не открива дополнителни детали околу паметниот часовник. Желбата му е уредот да излезе на пазарот во текот на следните три месеци, за да може да е директен конкурент на „Apple Watch“.

Сепак, тој алудира дека компанијата има децении искуство во развој на технологии кои можат да се користат на паметните часовници. Вклучувајќи и долготрајни батерии, кои се толку тенки што можат да се виткаат. Компанијата истакнува, дека нивниот бренд „Tissot“ нуди часовници со екрани на допир од 1999-та година. Останува непознато колку ќе чини новиот уред.

„Сите овие технологии ќе бидат вградени во новите производи. Некои од нив, сепак, на пример батеријата ќе трае неколку години додека целосно не се испразни. Другите ќе ги понудиме за различни индустрии, на пример автомобилската“, коментира Хајек.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП