4 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАStandard & Poor's го намали рејтингот на Грција

Standard & Poor’s го намали рејтингот на Грција

grcija 35

Агенцијата за кредитни рејтинзи „Standard & Poor’s“ го намали во петокот навечер кредитниот рејтинг на Грција од „Б“ на „Б-“, а долгорочниот и краткорочниот рејтинг на земјата остануваат на листата за ревизија со можно снижување, и предупреди дека ограничувањата за ликвидноста на грчките банки ќе го ограничи и времето со коешто располага новата владата во разговорите со меѓународните кредитори, се вели во соопштението на агенцијата.

Челникот на коалицијата на грчката радикална левица Сириза, премиерот Алексис Ципрас, победи на 25-ти јануари на предвремените парламентарни избори со ветувањата дека ќе ги отфрли непопуларните мерки за штедење на кои Грција се согласи за меѓународната заедница да ѝ отпише стотина милијарди евра долг од приватните доверители и ѝ даде пакет помош во износ од 240 милијарди долари.

„Намалувањето на рејтингот на Грција се должи на нашата загриженоста во врска со недостигот од ликвидноста со кој се соочуваат грчките банки и економијата на земјата, што ја намали временската рамка за постигнување договор за владината програма за финансиската помош со странските кредитори ЕУ, Европскиот механизам за финансиска стабилност, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд“, се наведува во соопштението на „Standard & Poor`s“.

Според аналитичарите, одложувањето на преговорите со кредиторите може да доведе до уште помасовно повлекување на депозитите од грчките банки, што ќе изврши дополнителен притисок врз финансиската стабилноста на Грција.

„Во најлош случај, не е исклучено воведување на контрола на движењето на капиталот, што потенцијално би можело да доведе до исклучување на Грција од еврозоната“,истакнуваат од „Standard & Poor`s“.

Во четвртокот новиот грчки министер за финансии Јанис Варуфакис уверуваше дека неговата земја ќе стори се’ што е можно за да го спречи банкротот на земјата. Според министерот, за оваа цел Атина разработила привремена антикризна програма до крајот на мај.

И покрај турнејата по европските престолнини и барањето поддршка за отпишување на долгот, судејќи според се’ Грција останува изолирана во еврозоната. Покрај тоа, Европската централна банка одлучи да им забрани на грчките банки со грчките државни обврзници да се служат како колатерал за заеми од неа, додека не се создаде можност за договор за програмата за помош.

„Иако новоизбраната грчка влада на власт е помалку од две седмици, веруваме дека нејзините ограничени резерви и се’ поблиската исплата на кредиторите, ја ограничуваат нејзината преговарачка флексибилност“, се додава во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП