20 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКон крајот на март започнува мисијата чија крајна дестинација е Марс

Кон крајот на март започнува мисијата чија крајна дестинација е Марс

M

Кон крајот на март на Меѓународната вселенска станица(МВС) почнува едногодишна мисија што треба да донесе полезни информации во врска со идниот лет до Марс, најави водечкиот научник на НАСА за МВС Џули Робинсон.

Таа, за време на предавање во Виена, рече дека астронаутот Скот Кели и космонаутот Михаил Корнијенко на 27 март ќе тргнат во мисија кон МВС, каде што ќе поминат многу подолг период од сите досегашни ’жители’ на оваа вселенска станица.

Од едногодишната мисија, Робинсон се надева дека ќе добие полезни информации за идниот лет кон Марс.

„Првиот ден од мисијата астронаутот сигурно се чувствува одлично, а прашањето е како ќе се чувствува по 300 дена во вселената“, нагласи Робинсон, при тоа додавајќи дека сега  е познато што се случува со човечкото тело кога ќе мине половина година на МВС, но не се знае што би било при подолг престој.

Тоа, според неа, треба да се промени откако двајцата искусни астронаути во март следната година ќе се спуштат во пустината во Казахстан.

Робинсон истакна дека е јасно оти деветмесечниот лет кон Марс во бестежинска состојба, како и најверојатно тврдото слетување, претставуваат екстремен напор за екипажот. Проследено со физичко оптоварување, не треба да се заборави и на психолошкото оптоварување, укажа таа, додавајќи дека екипажот ќе мора на тесен простор да соработува и живее.

Исто така,  со должината на патот, врз основа на големото растојание, подолго трае и комуникацијата со Земјата, појасни Робинсон, додавајќи дека изолацијата и осаменоста претставуваат фактори што не треба да се запостават.

Најголема опасност за МВС и мисијата кон Марс, според научничката на НАСА, се масивните сончеви ерупции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП