10 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИMicrosoft Surface Lumia - концепт на телефон и компјутер во едно

Microsoft Surface Lumia – концепт на телефон и компјутер во едно

msl 24

Компанијата „Microsoft“ навистина се бори да ја прилагоди својата платформа со својот оперативен систем, но можеби има некој друг начин за работата на компанијата да биде поефективна.

Microsoft Surface Lumia“ моментално е концепт креиран од страна на корисникот „DeviantArta“, и како тој го замислува новиот уред на „Microsoft“.

Станува збор за проект кој би и овозможил на компанијата да вметне телефон и компјутер во ист производ. Како што можете и самите да заклучите веќе врз основа на името, ова е телефон кој лесно може да се стане компјутер ако се поврзе со надворешен монитор користејќи намеснски порт за видео излез на дното на телефонот.

Тој би имал куќиште од магнезиум, исто како и „Surface“ таблетот, како и минималистички дизајн кој би требало да ги привлече и оние кои сакаат да ги задржат работите поедноставни.

Иако концептот изгледа доста добро, нормално дека постојат уште доста работи кои треба да се променат со цел ваквиот уред да се појави на пазарот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП