5 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGoPro продава по илјада камери на секој час

GoPro продава по илјада камери на секој час

hero 35

„GoPro“ минатата година ги пушти своите акции на берза и со тоа е обврзана да ги објавува своите квартални и годишни резултати.

Последниот квартал од 2014-та година компанијата го одбележа со новиот модел на камера, „GoPro Hero 4“, која многу влијаеше во растот на продажбата. Во текот на октомври, ноември и декември, оваа компанија во просек продавала по дури 1000 камери на секој час – вкупно 2.4 милиони уреди во овој квартал.

Вкупниот приход за споменатиот период изнесуваат 633.9 милиони долари, што значи дека речиси двојно е зголемен во однос на истиот квартал од 2013-та година.

Поради тој износ во компанијата како добивка остануваат дури 202.9 милиони долари пред оданочување, што е над сите очекувања, како на аналитичарите и раководството на компанијата.

GoPro“ бележи вкупен годишен приход за 2014-та во износ од 1.39 милијарди долари, т.е. вкупната добивка на годишна основа изнесува 293.4 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП