8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПелагонија пред нова опасност

Пелагонија пред нова опасност

poplavi-novaci

Со пумпи кои ги обезбеди министерството за транспорт и врски се спасуваат куќи во селото Новаци, Битола.

Новаци од град Скопје доби одредена количина пумпи за испумпување на водата, но ситуацијата во општината е алармантана, а дождот ја влошува состојбата во Пелагонија.

Припадници на Армијата на Македонија пристигнаа во Новаци и помагаат во поставувањето вреќи со кои ќе се штитат куќите во Новаци.

Половина од могилската општина е отсечена од светот. Помеѓу Шемница од могилска страна и мостот на Црна река од страната на Радобор се формираше цело езеро,  2,5 метри вода ги потопи објектите во оваа општина.

Дождот ги зголемува проблемите и во Логоварди. Жителите од ова село се борат со водата кој им поплави и куќи и дворови и ниви.

Наредните 24 часа се клучни во борбата со поплавите пред се во Пелагонија, како и во кочанскиот и гевгелискиот крај. Прогнозите се дека ќе наврнат нови триесетина литри дожд, но и нов снег на планините кој допрва ќе треба да се истопи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП