3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРајхелт ја освои светската титула во супервелеслалом

Рајхелт ја освои светската титула во супервелеслалом

Hannes+Reichel5

Австриецот Ханес Рајхелт го освои златниот медал во супервелеслаломската трка на Светското превенство во Вејл и Бивер Крик. Рајхелт до титулата стигна со време од 1:15.68 минути.

Рајхелт со победата во Бивер Крик го забележа најголемиот успех во кариерата, во која има победи на најпрестижните спуст трки во Венген и Кицбил и титулата во супервелеслалом во Светскиот куп во 2008 година.

Покрај Рајхелт медали освоија Канаѓанецот Дастин Кук и Французинот Адријен Тео кои зад победникот задоцнија 11, односно 24 стотинки.

Рајхелт на Австрија и го донесе вториот златен медал на Светското првенство, откако неговата сонардоничка Ана Фенингер победи во истата дисциплина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП