12 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМиркуловски си заминува од Металург

Миркуловски си заминува од Металург

fico

Македонскиот репрезентативец и ракометар на Металург Филип Миркуловски најави заминување од редовите на македонскиот шампион Металург.

По проблемите во клубот (неисплатени плати) и заминувањето најпрвин на странските играчи и потоа откако дел од репрезентативците добија исписници заминувањето на Миркуловски ќе биде можеби најтежок удар.

Тој по Светското првенство во Катар одигра два натпревара од СЕХА лигата (Нексе и Татран). На социјалните мрежи Миркуловски соопшти дека била тешка одлуката за заминувањето од клубот и најверојатно следна негова дестинација ќе биде бундеслигашот Хановер.

По Миркуловски во најава е заминувањето од клубот на уште двајца репрезентативци Гоце Георгиевски и Ацо Јоновски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП