17 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИ100 милиони долари за календар!

100 милиони долари за календар!

sunrise 24

„Sunrise“ е американски „startup“ кој е основан во 2012-та година, а се прослави со својата апликација „Calendar“ која моментално постои за голем број на платформи („iOS“, „Android“, „Mac OS“, како и за „web“).

Оваа апликација нуди водење на единствен календар кој ги опфаќа сите овие платформи, па така на корисникот би му било полесно да ги следи задачите на компјутер, смартфон или таблет.

Поради својата популарност, „Sunrise“ го привлече вниманието на големиот „Microsoft“, кој сега е подготвен да одвои дури 100 милиони долари за превземање на овој „startup“. Како наведуваат луѓе блиски до компанијата, „Sunrise“ апликацијата ќе остане активна и по оваа аквизиција, а „Microsoft“ нивното знаење и технологија ќе ги примени во своите идни производи, првенствено во пакетот „Office“ и во соодветните мобилни апликации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП