19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLVMH оствари рекордна продажба во 2014

LVMH оствари рекордна продажба во 2014

luj-viton-2

Француската куќа „LVMH“, која е број еден во светот на луксузните производи, профитираше на берзата, по што објави дека во 2014 година го преминала прагот од 30 милијарди евра приходи, со профит кој е дополнително зголемен со откупот на акциите на компанијата „Hermes“.

Продажбата на „LVMH“, кој е сопственик на „Louis Vuitton“ и уште 60 луксузни брендови „Celine“, „Givenchy“, „Sephora“… во 2014 година пораснала за 6,0 проценти, во однос на 2013 година, на 30,6 милијарди евра, пренесува Ројтерс.

„И покрај тензиите во Хонг Конг, неповолните валутни ефекти, антикорупциските мерки во Кина, деликатната потрошувачка во Европа, 2014 година беше одлична година за „LVMH“, изјави генералниот директор Бернае Арно.

Нето профитот е зголемен за 3,4 милијарди евра, на 5,65 милијарди , благодарение, пред се на откупот на производителот на ташни „Hermes“.

Кога ќе се исклучи оваа вонредна ставка, профитот изнесува 2,95 милијарди евра, што е малку под очекувањата на аналитичарите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП