6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗKia Picanto зa 2015-та година (фото)

Kia Picanto зa 2015-та година (фото)

pikanto

„Kia Motors“ на 3-ти март во Женева ќе ја претстави редизајнираната верзија на својот мал градски автомобил, моделот „Picanto“.

Редизајнот ги опфати браниците и маската на ладилникот, а купувачите на располагање ќе имаат бројни новитети, меѓу кои се и новите 14 инчни алуминиумски бандажи и спортски пакет.

Во понудата и натаму ќе бидат модели со 3 и 5 врати, а промената во кабината вклучува и нов аудио уред, украсна хромирана рамка на инструментите и нови дезени на навлаките.

pikanto1

„Kia“ соопшти дека од есента 2015-та во „Picantо“ за прв пат ќе понуди и мултимедијален систем со 7 инчен екран, а купувачите ќе можат да нарачаат и темпомат и ограничувач на брзината.

Покрај тоа сега во кабината се нудат три пакети на боја. Спортскиот црвен пакет подразбира црно-црвена комбинација на навлаки за седиштата од еко кожа и тапацир на вратите исто така од црно-црвена боја со висок сјај.

Жолтиот пакет вклучува седишта од еко кожа со црна боја, со жолти шевови, како и командна табла и волан во светло жолта боја. Најпрестижниот ќе биде т.н. кафен пакет, кој покрај навлаките изработени од квалитетни материјали од кафена боја, тапацирот на вратите ќе биде во иста нијанса и со црната на контролната табла.

pikanto2

„Kia Picanto“ зa 2015-та има во понудата и поголеми сопирачки, а со нив се намалува растојанието за сопирање. Како опција на располагање се новите сопирачки дискови со дијаметар од 252 милиметри (претходно 241 mm).

Благодарејќи на новите сопирачки, автомобилот при брзина од 100 km/h сопира за 37 метри, што е за две метра помалку од кај претходникот.

Кога станува збор за моторите, постоечкиот 1.0-литарски „MPI“ со 69 ks е подобрен со цел да ги исполни нормите од „Euro 6“ стандардот.

pikanto3

Со 51.102 продадени примероци во 2014-та година, „Picanto“, кој се произведува во фабриката Сеонсан во Јужна Кореја, беше еден од најпродаваните модели на „Kiа“ во Европа.

Подобрениот модел на европскиот пазар ќе пристигне кон крајот на март, кога ќе биде позната и неговата цена, а како и сите останати модели на „Kia“ ќе се продава со гаранција од 7 години или до 150.000 поминати километри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП