23 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИLG ги заштити имињата на премиум телефоните до 2020-та година

LG ги заштити имињата на премиум телефоните до 2020-та година

g lg 356

„LG“ очигледно очекува да продолжи да ја користи ознаката „LG Gx“ на своите идни премиум телефони.

Компанијта минатиот август поднесе барање кај „USPTO“ за трејдмарк ознаките кои ги покриваат „LG G3“, „LG G4“, „LG G5“, „LG G6“, „LG G7“, „LG G8“ и „LG G9“.

Сега од споменатата организација, „LG“ ја доби заштитата за сите имиња за кои поднесе барање. Доколку „LG“ продолжи да го користи истиот систем за своите идни премиум телефони, тој сега е покриен до 2020-та година.

Очигледно, „LG G3“ е веќе достапен и моментално е предводник во понудата на компанијата, а ова лето се очекува и следниот модел – „LG G4“.

Оргинално, „LG“ моделите од погорниот сегмент беа дел од линијата „LG Optimus“. Летото 2013-та година, „LG“ одлучи сите телефони на компанијата од погорниот сегмент да ја имаат ознаката „G“, па тогаш беше претставен моделот „LG G2“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП