9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPanasonic очекува реализација на годишните резултати

Panasonic очекува реализација на годишните резултати

panasonicke

„Panasonic“ денес соопшти дека благиот пад на неговиот квартален оперативен профит не би требалo да го спречи да очекува годишен профит за 2014-2015 година во пораст од 15 проценти, бидејќи неговата реорганизација започнала да дава резултати.

Јапонскиот гигант во електрониката за широка потрошувачка прецизираше дека неговиот оперативен профит се намалил за 2,8 проценти во периодот од октомври до декември, на 113,3 милијарди јени (853 милиони евра), додека една година претходно изнесувал 116,6 милијарди јени.

Аналитичарите сметаат на оперативен профит во просек од 109,7 милијарди јени.

„Panasonic“ повторно соопшти дека смета во цела 2014-2015 година на оперативен профит од 350 милијарди јени, целта е зголемена на 31 октомври за 40 милијарди јени, додека за 2013-2014 година изнесуваше 305,1 милијарди јени, пренесува Ројтерс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП