21 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗFerrari 458 Italia доби турбо мотор и ново име: 488GTB (фото)

Ferrari 458 Italia доби турбо мотор и ново име: 488GTB (фото)

ferrari-488-gtb-06-1

Италијанскиот производител го претстави моделот „488 GTB“ кој во гамата ќе го замени актуелниот „Ferrari 458 Italia“. Покрај дизајнот, „488 GTB“ се разликува од претходникот и по тоа што има „V8“ мотор со турбо-полнење.

„Ferrari“ претходно најави дека поради новите еколошки ограничувања во своите автомобили ќе започне да вградува мотори со турбо-полнење.

По моделот „California“, кој турбо мотор доби во 2014-та година, на ред дојде и „Ferrari 458 Italia“.

ferrari-488-gtb-03-1

Наместо досегашниот 4.5-литарски „V8“ атмосферски агрегат кој развиваше 570 ks и 540 Nm, новиот модел доби 3.9-литарски „V8“ турбо-бензинец.

Моторот е поврзан со седумбрзински менувач со двојно квачило, а во можност е да произведе 670 ks, при 8.000 вртежи и да развие максимален вртежен момент од дури 760 Nm, кој е достапен од 3.000 o/min.

ferrari-488-gtb-08-1

Tоа е доволно „Ferrari 488 GTB“ од мирување до „стотка“ да забрза за само 3 секунди, а брзината од 200 km/h ја достигнува по 8.3 секунди, пред автомобилиот да дојде до максималните 330 km/h.

„Ferrari“ соопшти дека новиот модел на тест-патеката „Фиорано“ го минал кругот за 1 минута и 23 секунди.

Со моделот „488 GTB“, „Ferrari“ оддава почит кон својот прв автомобил со централно поставен „V8“ мотор, „308 GTB“, кој беше претставен далечната 1975-та година.

ferrari-488-gtb-02-1

Во споредба со „Ferrari 458 Italia“, новиот модел има извајана каросерија со големи странични отвори за воздух и значително поагресивна појава. Подобрени се и аеродинамичките својства, што за резултат има за 50% подобра контрола (downforce) oд претходникот.

Светската премиера на „Ferrari 488 GTB“ ќе се одржи на женевскиот саем за автомобили во март 2015-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП