26 јуни, 2025
ПочетнаКОМПАНИИРускиот и украинскиот пазар ја намалија добивката на Gorenje

Рускиот и украинскиот пазар ја намалија добивката на Gorenje

238728_gorenje_f

Словенечката компанија „Gorenje“ минатата година оствари приход од 1,24 милијарди евра, добивка пред оданочување (EBIT) од 40 милиони евра и нето добивка од околу 100.000 евра.

Иако тоа е значително подобро отколку во 2013 година, очекувањата сепак не се исполнети поради падот на продажбата на рускиот и украинскиот пазар во последниот квартал минатата година, велат од компанијата.

„Бизнисот го обележаа сложените и неизвесни прилики во Украина и Русија, а во последниот квартал и падот на продажбата со депресијацијата на руската рубља“, објави „Gorenje“, со оценка дека приликите на тие пазари ќе влијаат на деловните резултати и оваа година.

Поради таквите деловни околности, во бизнис планот на „Gorenje“ за оваа година е предвиден приход од 1,22 милијарди евра или 20 милиони евра помалку отколку лани.

Планирано е намалување на приходите, главно предизвикано од очекуваните намалувања на растот на продажбата на рускиот пазар, што ќе се случи за прв пат по десет години последователен раст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар