2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВитаминка ги намалува цените на дел од своите производи

Витаминка ги намалува цените на дел од своите производи

vitaminka

Најголемата компанија за прехранбени и кондиторски производи, Витаминка АД Прилеп ги намалува цените на дел од своите производи.

Оваа одлука на раководството на компанијата доаѓа како резултат на намалувањето на производствените трошоци.

„Овој пат, како резултат на светскиот тренд на намалување на цената на енергенсите, во последниве неколку недели Витаминка забележа пад на трошоците за производство. Намалувањето на цената на производите во моментов е реакција на случувањата на глобално ниво и поради намалените трошоци, за нас како компанија се отвори можноста за корекција на цените во надолна линија, а краен бенефит ќе имаат нашите потрошувачи“, изјавија од Витаминка АД Прилеп

Витаминка е меѓу првите македонски производители што ги намалува цените на своите производи, следејќи го падот на цената на енергенсите.Како дел од својата развојна политика, компанијата останува насочена кон постојаното зголемување на портфолиото, зголемување на квалитетот на своите производи преку унапредување и модернизација на производниот процес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП