10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРуски пратеници бараат репарации од три трилиони евра од Германија

Руски пратеници бараат репарации од три трилиони евра од Германија

russia

Во Државната дума на Русија е формирана работна група од пратеници која има за цел да бара од Германија да и исплати репарации на Русија поради штетите, нанесени врз СССР во годините на Големата татковинска војна, јави ТАСС.

Групата планира да бара репарации од три-четири милиони евра, пишува весникот „Известија“.

Според претставник на групата, Михаил Дегтјаров, член на Вишиот совет на Либерално-демократската партија, Германија фактички не им платила на СССР никакви репарации за разурнувањата и ѕверствата за време на Големата татковинска војна.

– Според договорот од Јалта, СССР земал некои германски активи од советскиот сектор, како индустриска опрема, мебел и облека. Потоа со Германија е склучен договор за прекин на
земањето репарации, но со Федералната република Германија и со веќе обединетата Германија такви договори нема, истакна Дегтјаров.

Според него, тоа значи дека прашањето за репарации е отворено и актуелно, уште повеќе дека Германија продолжува да нанесува штети на Русија преку незаконските санкции на ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП