19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИEtihad превезе рекорден број на патници во 2014

Etihad превезе рекорден број на патници во 2014

etihad_0_0_468X10000hgu78gk

Авиокомпанијата „Etihad“ од Обединетите Арапски Емирати, во 2014 година превезе речиси 14,8 милиони патници, односно за 23 проценти повеќе отколку една година претходно.

„Etihad“ лани превезe рекорден број на патници и количина на товар, и со тоа го оствари својот најдобар оперативен учинок досега.

„Etihad“ во текот на 2014 година на својата глобална мрежа додаде уште 10 нови дестинации.

Авиокомпанијата минатата година превезе вкупно 568.648 тони товар и пратки, што е за 17 проценти повеќе од годишниот просек и го зголеми својот глобален дофат, нудејќи капацитет за превоз на товар на 10 нови патнички линии.

Флотата на „Etihad“ на крајот на 2014 година поседуваше вкупно 110 авиони, чија просечна старост е 5,5 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП