3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRyanair изненади со прогнозата за оперативниот профит

Ryanair изненади со прогнозата за оперативниот профит

rynair 3536

Нискобуџетната авио-компанија „Ryanair“ ја заголеми прогнозата за годиншениот оперативен профит за тековната деловна година, а причината за тоа е намалувањето на трошоците и подигнувањето на тарифата.

За следната фискална година, меѓутоа, се предвидува скромен профит поради очекуваното намалување на цената на картите.

Водечкиот европски нискобуџетен авио-превозник, според бројот на патници, за фискалната година која се завршува во март, смета на оперативен профит помеѓу 840 и 850 милиони евра, за разлика од 810 до 830 милиони евра, како што првично имаа најавено, пренесува „Reuters“.

Во текот на последните три месеци од 2014-та, оваа ирска компанија оствари нето профит од 49 милиони евра, што беше над прогнозата на аналитичарите кои предвидуваа 30 милиони евра. Во истиот квартал за 2013-та, „Ryanair“ забележа загуба од 35 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП