7 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИИднината на лаптопите е тука (фото+видео)

Иднината на лаптопите е тука (фото+видео)

termos laptop

Да, навистина изгледа како термос, но всушност е премногу иновативен уред кој може да се појави на виделина во наредните години.

Концептот беше претставен од германската компанија „Orkin Design“ уште во 2009-та година. Од компанијата признаваат дека тогаш не ни помислиле да пуштаат вистински производ, но добиле илјадници честитки и барања, поради кои решаваат да продолжат понатаму.

termos laptop1112222

Неодамна беше претставено и подобрено видео кое ја покажува иднината на лаптопите – флексибилен дисплеј, од кој едниот дел служи за екран, а остатокот за тастатура. Уредот исто така може да се користи како таблет или да се извлече целосно, за да може на него да се гледа видео содржина.

Во моментот развојот на „Rolltop“ се уште е на концептуално ниво. Идејата сепак може да се продаде на производител, или пак германската компанија да побара партнери за да ја претвори во вистински производ. Погледнете го неверојатното видео кое е направено за овој уред.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП