20 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРА7 прашања кои мора да му ги поставите на работодавецот

7 прашања кои мора да му ги поставите на работодавецот

job-interview-600x330

Многу луѓе знаат дека треба да поставуваат прашања кога ќе одат на интервјуто за работа, меѓутоа, некои не знаат што да прашаат.

„Business Insider“ состави листа од седум прашања кои би требало да му ги поставите на оној кој ве интервјуира за работа.

Со поставувањето на прашања ќе покажете дека сте заинтересирани, а воедно, ќе добиете и вредни информации за работата.

Покрај тоа, „Business Insider“ ги наведе и причините зошто да ги поставите овие прашања. Еве кои се тие…

1. Што најмногу ви се допаѓа во работењето за оваа компанија? Зошто? Одговорот ќе ви покаже што најмногу се цени во оваа компанија, и така вие ќе видите дали таа одговара на вашите вредности.

2. Како се развивала оваа позиција? Од овој одговор ќе можете да сфатите дали оваа позиција е пред самиот крај.

3. Можете ли да ми дадете пример на кој начин ќе соработувам со своите надредени?  Ќе добиете одговор како се одвива комуникацијата во оваа компанија, па така ќе можете да ги покажете вашите вештини.

4. Што е првиот приоритет за оваа позиција? Ќе ви дадат одговор на што да се фокусирате кога ќе ја добиете работата и ќе ви помогнат да оставите добар прв впечаток.

5. Кои се предизвиците на оваа позизција? Ќе дознаете со што ќе се соочите, а ако не ви наведат никаков предизвик, тогаш тоа е сомнително.

6. Како се покажале поранешните работници кои успешно ја обавувале оваа работа? Одговорот ќе ви покаже како компанијата го мери и цени успехот на вработените.

7. Имате ли некакви сомнежи во поглед на моите квалификации? Со ова прашање ќе покажете дека сте доволно самоуверени да дискутирате за своите слабости.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП