18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеркел не гледа можност за натамошно отпишување на грчкиот долг

Меркел не гледа можност за натамошно отпишување на грчкиот долг

merkel-euro-greece

„Не гледам можност за понатамошно отпишување на долгот на Грција“, изјави германската канцеларка Ангела Меркел, пренесуваат светските агенции.

„Приватните кредитори одбијат да го направат тоа, а банките веќе и простија на Грција неколку милијарди евра долг. Не гледам можност за понатамошно отпишување на долгот“, изјави Меркел за весникот „Хамбургер абендблат“. Воедно, таа потсети дека еден од условите за нов пакет финансиска помош за Атина е спроведување реформи во земјата.

„Европа ќе продолжи да покажува солидарност со Грција и други земји кои се сериозно погодени од кризата но само доколку тие земји се погрижат да се спроведуваат реформите“, потенцираше канцеларката.

„Германија, и другите европски партнери, ќе почекаме и ќе видиме каква програма ќе ни предложи новата грчка влада“, објасни таа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП