18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDelhaize ги зголеми приходите во 2014-та

Delhaize ги зголеми приходите во 2014-та

delhaize 2222

Белгискиот дистрибутер „Delhaize“ минатата година го зголеми вкупниот приход за 3.7 отсто или на 21.4 милијарди евра, соопштија од компанијата.

Групацијата на пазарот во САД забележа раст на приходите од 6.6 отсто, што најмногу допринесе за зголемувње на продажбата од 4.4 проценти.

Во Југоисточна Европа, приходите на „Delhaize“ се зголемени за 4.3 отсто, а најголем стапки на раст имале во Романија и Грција.

Во Белгија, каде вкупните приходи изнесуваа 4.9 милијарди евра, во 2014-та е забележан пад од 3.5 отсто, а причината за тоа е нарушување на дистрибутивната мрежа.

Ова компанија во јуни минатата година, во рамките на планот за штедење, најави гасење на 2.500 работни места и затворање на 14 продавници во Белгија.

За тековната година, „Delhaize“ очекува оперативен профит од 764 милиони евра, додека планираните инвестиции изнесуваат 606 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП