4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНовиот клон на iPhone пристигнува од Русија

Новиот клон на iPhone пристигнува од Русија

Texet-iX-maxi-640x355

Иако клонови на „iPhone“ главно се појавуваат во Кина, постојат и исклучоци, како на пример новиот паметен телефон кој пристигнува од Русија.

Станува збор за „Android“ уред со на прв поглед неатрактивно име, „Texet iX-maxi“, кој многу наликува на „iPhone 6“. Димензиите на „Texet“ изнесуваат 138х67х7 милиметри, додека оние на „iPhone“ се 138х67х6.9 милиметри.

„Texet“ во однос на 129-те грама колку што тежи „iPhone“, е за два грама полесен. Изгледот на задната камера на двата уреди е практички идентичен, па така и „Texet“ има испакната камера.

Но, спецификациите на „Texet“ се поразлични во однос на неговиот пример. Внатре во уредот се наоѓа процесорот „MediaTek MT6582“ со такт од 1,3 GHz, 3 GB RAM и 8 GB простор за чување на податоци.

Екранот е 4.7-инчен со резолуција од 960 x 540 пиксели, а батеријата има капацитет од 1800 mAh. Овој смартфон во Русија се продава по цена од околу 174 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП