4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИiPhone му се заканува на Samsung, Apple ја сака лидерската позиција!

iPhone му се заканува на Samsung, Apple ја сака лидерската позиција!

apple te

„Apple“ забележа рекордни продажби во последниот квартал, а според аналитичарите, компанијата успеала да се израмни со лидерот кај смартфоните – „Samsung“.

Како што беше соопштено пред некој ден, „Apple“ ги надмина очекувањата на аналитичарите, продавајќи 74.5 милиони „iPhone“ уреди, 46% повеќе во однос на истиот период од минатата година.

Тоа е и најсилниот квартал за компанијата, затоа што аналитичарите очекуваа само 65 милиони продадени уреди.

Според информација на „Strategy Analytics“ со силниот резултат „Apple“ успеа да се израмни со лидерот „Samsung“, кој според аналитичарот од компанија, исто доставил 74.5 милиони смартфони, пренесе „Блумберг“.

Ова им дава на „Apple“ и „Samsung“ по 19,6% удел на пазарот, а на третата позиција е „Lenovo“ со 6.5% (резултатот ја вклучува и продажбата на „Motorola“).

2014-та година беше важна година за „Apple“ од многу причини. Компанијата успеа да се пробие во сегментот на фаблетите со „iPhone 6 Plus“ – оваа територија беше резервирана само за уреди со „Android“.

„Apple“ во голема мера го промени и основниот „iPhone 6“, кој веќе нуди доста поголем екран и нов, модерен дизајн кој совршено се вклопуваа со обновениот оперативен систем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП