27 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИ5-тата генерација Intel® Core™ vPro™ процесори целат на трансформирање на денешната работна...

5-тата генерација Intel® Core™ vPro™ процесори целат на трансформирање на денешната работна околина

novo intel3

Корпорацијата Интел вчера ја објави достапноста на нивната 5-та генерација Intel® Core™ vPro™ фамилија на процесори кои обезбедуваат врвни карактеристики за да се овозможи работна околина способна за нови и брзи промени.

За да се задоволат потребите на се повеќе мобилната и динамична работна сила, на најновите  vPro Intel Core процесори нудат безжични иновации, со вградена безбедност, побрзи перформанси и подобрена управливост, кои ќе им овозможат на работниците и претпријатијата подобрена продуктивност и конкурентност.

Новата петта генерација на Intel Core vPro процесори, се однесува на три специфични области за да се овозможи подобар начин на работа и да се обезбеди подобро искуство како за корисниците, така и за компаниите: Дизајнерски компјутерски иновации, безжичен екран и безжично полнење.

Бизнисите имаат избор од различни, досега невидени компјутерски дизајни преку 2 во 1 уреди, Ultrabooks, ултра-тенки куќишта и мини компјутери кои нудат до двапати подолготрајна батерија  и повеќе од двојно подобри перформанси, овозможувајќи фактори на форма кои се до трипати потенки и за 50 проценти посветли од еден лаптоп компјутер од пред само четири години.

novo intel

Intel® Pro Wireless Display (Intel® Pro WiDi) ја  прави секоја презентациска и конференциска сала,  зона, ослободена од секаков вид на кабли . Освен што е подобрена употребливоста за бизнис корисниците со флексибилни презентерски контроли и приватноста, исто така, поддржува клуч ИТ барања како што се безжичен канал за управување за да се ублажатат ризиците за пренатрупаност на мрежата и безбедносни слабости, и способноста ефикасно да се ажурираат и да управуваат со адаптери.

Intel® Wireless Docking им овозможува на корисниците да бидат поврзани и се подготвени да работат од моментот кога ќе пријдат до своето биро. Оваа безбедна и податлива, безжична технологија базирана на Intel Wireless Gigabit технологијата им овозможува на системите автоматски да се приклучат на монитори, тастатури, глувци и USB додатоци и ја елиминира потребата за традиционалните механички докинг станици.

„Нашата цел е да им овозможиме на сите корисници едноставно да работат подобро со пребивање на растечките предизвици на бизнисите денес“, изјави Том Гарисон, потпретседател и генерален менаџер на  Intel’s Business Client Platforms. „Со новите уреди базирани на 5-ти генерација на Intel Core процесори vPro, имаме за цел да се трансформира на корисничкото искуство помагајќи да се користат компјутери од речиси секаде, избегнувајќи го нередот и товарот на жици.“

novo intel1

Новите 2 во 1 уреди,  Ултрабукот, ултратенките куќишта и мини PC уредите базирани на 5-тата генерација на Intel Core vPro процесори сега се достапни од страна на 12 водечки производители, а во текот на наредните недели ќе се објават и нови кои ќе го зголемат овој број.

„Постои долга историја на технолошки-водена, трасформација на работните места“, изјави Genevieve Bell потпретседател и Intel соработник. „ Иновациите во формата, дизајнот и инфраструктурата се сменија не само во начинот на кој ние работиме, но и во работите кои можеме да ги правиме на работа“.

Во прилог на иновациите на уредот и подобрување на продуктивноста на работното место , 5-тата генерација на Intel Core процесори vPro обезбедат хардвер – подобрена безбедност и управувачки  способности. Во пар со Intel® Solid-State Drive Pro 2500 серијата , ИТ секторите може да имплементираат способност за вградена енкрипција на податоците, при тоа корисниците може да уживаат во паметната заштита, а никогаш  да не ја почувствуваат разликата.  Intel® Identity Protection  помага да се поедностави автентичноста и помага да се обезбеди правото на луѓето да имаат пристап до вистинските информации во вистинско време.

novo intel2

Како потребите на работното место стануваат се повеќе мобилни , се посуштинско значење за ИТ е да биде во можност да го задржи уредите здрави и заштитени, а тоа да не ја нарушува продуктивноста на корисникот. Далечинско управување преку жични и безжични мрежи и преку сите видови уреди е овозможена со Intel® Active Management Technology,, дури и ако на оперативниот систем е долу или уредот е исклучен.

5-тата генерација  на Intel Core vPro семејство процесори овозможува трансформации на работното место кои може да резултираат со стотици илијади долари во продуктивност, како дополнителна врендост на бизнисите од сите големини. Со отстранување на жиците, обезбдувањето на извонредни перформанси , со векот на батеријата , и со изборот на оптимална форма  за да се задоволат потребите на секој вработен во целиот спектар на иновативни дизајни, Интел донесе навистина оптимизирана бизнис платформа која ќе го промени начинот на вршење на работата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП