4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБанкротираниот Mexx го преземаа Турци

Банкротираниот Mexx го преземаа Турци

mexx5464

Турскиот холдинг „Eroglu“ ја презема сопственоста над банкротираниот холандски ланец за облека „Mexx“, со цел во тој сектор да ја унапреди сопствената активност.

Износот на трансакцијата не е соопштен, а сопственикот на турскиот холдинг Нуретин Ероглу, оцени дека постојат бројни можности за развој на „Mexx“.

„Mexx“ располага со околу 500 продавници во 56 земји ширум светот, со годишни приходи од околу 1,2 милијарди евра. Се надеваме дека нашето име во тој сегмен во иднина ќе значи многу повеќе благодарение на оваа аквизиција“, изјави Ероглу.

„Eroglu“ има повеќе од 600 продавници во 38 земји, вклучувајќи ги Русија, Украина и Германија. Компанијата најавува дека планира отворање на 100 нови продавници на „Mexx“ во Туриција во наредните пет години.

Холандскиот ланец на продавници за облека „Mexx“ прогласи банкрот пред трговскиот Суд во Амстердам на почетокот на декември минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП