Пазарот на апликации во последно време има стекнато невидени финансиски размери со приходи од преку 10 милијарди долари, што од прилика е и приходот на целиот „Hollywood“, пишува „Daily Mail“.
Игрите, како на пример „Angry Birds“ и мобилните апликации на „Facebook“, заработиле повеќе пари отколку некои филмски хитови, а на своите творци им донеле многу поголем приход, отколку што заработуваат најголемите Холивудски ѕвезди.
Аналитичката куќа „Asymco“ открива дека „Apple“ oд 2008-ма година до денеска има приходи од 25 милијарди долари од продажбата на апликации, а овој пазар од месец во месец бележи раст. Аналитичарите сметаат дека овој сегмент од „IT“ светот е подобар од „Hollywood“, во кој продукциските куќи полека, но сигурно бележат пад.
„Asymco“ потврди дека во првата недела од оваа година, корисниците на „iTunes – Ѕtore“, потрошиле 500 милиони долари на апликации, што покажува дека станува збор за тренд кој не запира.