19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИзвештајот на Visa ги надмина очекувањата на Wall Street

Извештајот на Visa ги надмина очекувањата на Wall Street

visa 35

„Visa“ го објави извештајот за тримесечните приходи кои ги надмина очекувањата на „Wall Street“. Компанијата забележа раст во обемот на плаќања и најави поделба на акциите од една кон четири, пишува „The Wall Street Journal“. Акциите на компанијата поскапеа за околу 4%.

Зголемувањето на приходите ги испрати акциите на компанијата нагоре во доцната трговија. Тоа се случи и покрај пониската цена на бензинот, која ја намали потрошувачката и посилниот долар, кој го намали патувањето кон САД. Се очекува овие трендови да продолжат до средината на годината, изјавија високи претставници на компанијата.

Одлуката за поделба на акциите е првата во историјата на компанијата, откако таа стана јавна во 2008-ма година.

За периодот до 31-ви декември, „Visa“ забележа 11% раст на профитот до 1.57 милијарди долари, или 2.53 долари за акција класа „А“. Година порано профитот беше 1.41 милијарди долари, или 2.20 долари за акција класа „А“. Приходите се зголемија за 7% до 3.38 милијарди долари во однос на 3.16 милијарди  долари пред една година.

Истражување на „Ројтерс“ меѓу аналитичарите предвидуваат принос од 2.29 долари по акција при приходи од 3.34 милијарди долари.

„Предизвиците на глобалната средина на макро ниво се чини дека не се намалуваат, но резултатите ни останаа доследни и ја одразуваат силата и ја истакнаа издржливост на нашиот бизнис модел“, велат од компанијата.

„Visa“ забележа 1.25 милијарди долари во платежни трансакции за кварталот до 31-ви декември. 794 милиони долари дојдоа од кредитните, а 450 милиони долари од дебитните картички. Тоа е раст од 7% во однос на 1.16 милијарди долари за претходниот квартал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП