5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИWizz Air отвора нова база во Кошице

Wizz Air отвора нова база во Кошице

wizz-air111

„Wizz Air“, најголемата нискобуџетна авио компанија во Централна и Источна Европа, денес објави дека ќе ја отвори својата 20-та база во Кошице, Словачка со нов Airbus A320, на 14-ти Септември. Набавката на авионот се совпаѓа со отпочнувањето со летови во 2 правци од Кошице до Донкастер Шефилд и Милано Бергамо.

Заедно со новата база во Кошице, „Wizz Air“ сега нуди 11 лета неделно во 3 правци од Кошице, притоа забележувајќи 50% пораст годишно на својот капацитет (Октомври 2015). Компанијата верува дека со својата експанзија во Словачка, од каде лета до два аеродроми, ќе придонесе за зголемување на вработеноста во авио секторотот и туризмот, а потрошувачите ќе имаат пристап до повеќе нискобуџетни услуги. Летовите за новите рути од Кошице веќе се во продажба за само 19.99 евра, а билет може да се резервира на wizzair.com.

На денешната прес конференција во Кошице, Јозеф Варади (József Váradi), извршниот директор на „Wizz Air“ рече: „Денешната објава ја потврдува посветеноста на „Wizz Air“ во Словачка. Почнавме да работиме пред само 1.5 година и веќе превезовме над 130.000 патници на летовите од Кошице и Попрад. Словачка е нашата 12-та земја каде отвораме база. Со нетрпение очекуваме да им понудиме повеќе ефтини летови на атрактивни правци на словачките корисници и нивните гости“.

За „Wizz Air“

„Wizz Air“ е најголемата ниско буџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа, управувајќи со 54 „Airbus A320“ авиони и нуди над 360 рути од 20 бази поврзувајќи 110 дестинации низ 38 држави. Во „Wizz Air“, преку 2.200 авијациски професионалци нудат инзворедна услуга и ниска цена на билетите и го прават „Wizz Air“ подобриот избор за над 15.8 милиони патници во финансиската година 2014-та.

Централна и Источна Европа е регион кои ги опфаќа Албаниа, Белорусија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Република Чешка, Естониа, Унгарија, Косово, Латвиа, Литваниа, Македонија, Молдавија, Црна Гора, Полска, Романија, Русија, Србија, Словачка, Словенија и Украина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП