17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИEricsson забележа слаби резултати во четвртиот квартал

Ericsson забележа слаби резултати во четвртиот квартал

ericsson1

Шведскиот производител на опрема за телекомуникациската мрежа „Ericsson“, во последниот квартал од 2014 година забележал промет од 68,0 милијарди круни (7,27 милијарди евра), што е за две милијарди помалку во однос на просечните очекувања на финансиските аналитичари.

Оперативниот профит достигнал 6,3 милијарди круни (675 милиони евра), додека една година претходно изнесуваше 9,1 милијарди круни.

Бруто маржата, сепак, достигнала 36,6 проценти, надминувајќи ги очекувањата кои изнесуваа 34,7 проценти, благодарение на растот на продажбата на софтвери и унапредувањето на продуктивноста, пренесува Ројтерс.

„Ericsson“ објави дека очекува забавување на своето работење во Северна Америка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП