26 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИНаградата за социјално претприемништво 2015 (Social Impact Award 2015)

Наградата за социјално претприемништво 2015 (Social Impact Award 2015)

sparkase-pretpriemaci-nagradi-prv-pat-02

Денес во Скопје официјално беше отворен конкурсот за избор на најдобро иновативно решение во сферата на социјалното претприемништво ‘‘Наградата за социјално претприемништво 2015‘‘ (Social Impact Award 2015) наменето за студенти и млади од Македонија.

Оваа награда се доделува во 10 Европски земји со поддршка на Фондацијата ЕРСТЕ и Impact Hub Vienna. Годинава за прв пат се организира и во Македонија од страна на Младиинфо Интернационал, поддржана од Шпаркасе Банка Македонија и во партнерство со Њу Менс Бизнис Акцелераторот во Скопје.                       

“Веруваме дека преку конкурсот за Наградата за социјално претприемништво ќе им дадеме можност на младите и студентите од земјата да понудат идеи и решенија во оваа сфера а воедно и ќе ги поттикнеме да почнат да размислуваат за создавање на сопствени социјални бизниси“, изјави Антоанета Иванова, координатор на наградата и коосновач на Младиинфо Интернационал.

sparkase-pretpriemaci-nagradi-prv-pat-01

“Наградата за социјално претприемништво ( Social Impact Award ) за прв пат почна како проект  во 2009-та година во Австрија, како обид да се доближи и инспирира младата популација за креирање бизнис идеи со социјално влијание. Денес тоа го правиме во 10 различни земји и сум горд што и Македонија е дел од нашето семејство. Нашите партнери од Impact HUB мрежата, фондацијата Ерсте и Виенскиот Универзитет за Бизнис администрација се особено фокусирани на поддшката и развојот во регионот на Централна и Источна Европа и навистина е изненадувачки колкав потенцијал за нови развојни форми на бизниси постојат скриени во младите умови на овој регион“, изјави Чезар Неага, проектен менаџер и иницијатор на Social Impact Award Europe.

‘‘ Наградата за социјално претприемништво за Шпаркасе Банка претставува уште еден начин на изразување на нашата поддршка за младите талентирани луѓе. Преку овој проект, тие имаат одлична можност да ги претстават своите бизнис идеи и иновативни решенија кои имаат социјално влијание и  кои долгорочно гледано можат да им овозможат отворање на сопствени  бизниси. Особено ми е драго што проектот почнува со реализација и во Македонија и што нашата Банка и Ерсте фондацијата ќе бидат долгорочни парнтери на овој амбициозен проект наменет за младите кои им нуди можност сами да ја креираат својата професионална иднина и да станат дел од Европската мрежа на млади иноватори ‘‘, рече Ивана Макенаџиева од Службата Маркетинг и комуникации на Шпаркасе Банка Македонија.

За најдобрите три  (3) решенија во областа на социјалните бизниси Шпаркасе Банка Македонија обезбеди парични награди во висина од 3.000 евра, 2.000 евра и 1.000 евра. Покрај наградите, најдобрите тимови ќе добијат и бесплатно патување во Виена, три месеци период на инкубација со менторство и поддршка во развивање на идејата.

Конкурсот за Наградата во Македонија ќе биде отворен во периодот февруари-април 2015-та година во чии рамки ќе се одржат и бесплатни работилници за развој на бизнис идеја и бизнис модели во социјалното претприемништво во Скопје, Тетово и Штип. На работилниците ќе присуствуваат меѓународни фасилитатори и експерти од сферата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП