3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВо Женева Mitsubishi ќе претстави нов концепт на кросовер

Во Женева Mitsubishi ќе претстави нов концепт на кросовер

k mitsichi

„Mitsubishi“ можеби нема да произведува лимузина во соработка со групацијата „Renault-Nissan“, но оваа компанија веќе работи на новата генерација на модели со хибриден погон.

Јапонскиот производител соопшти дека на претстојниот авто-саем во Женева ќе биде претставен новиот концепт со „Plug-In“ хибриден погон.

Како што велат во компанијата, станува збор за возило кое обезбедува увид во дизајнот на идните продукциски модели, а зголемената силуета укажува дека станува збор за кросовер.

Иако за погон е употребен хибриден систем кој има намалено негативно влијание на околината, „Mitsubishi“ тврди дека автомобилот ја задржал динамичноста и агилноста во возењето.

k mitsichi1

Првите фотографии не откриваат многу, но може да се претпостави дека новиот кросовер на „Mitsubishi“ претставува натамошна разработка на концептот „XR-PHEV“ од 2013-та година.

Повеќе детали за овој концепт ќе бидат познати по премиерата, која треба да се одржи на почетокот на март во Женева.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП