19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија најдобра во регионот, а 53-та во светот по економски слободи

Македонија најдобра во регионот, а 53-та во светот по економски слободи

index freedom

Македонија се најде на 53-то место во светот, на 24-то во Европа, а најдобра во регионот според индексот на економските слободи за 2015-та година што заеднички го издаваат Фондацијата „Херитиџ“ и „Волстрит журнал“.

Македонија е во групата земји со економски умерена слобода, а со 67,1 бод е над просекот во светот и Европа.

Според извештајот, Македонија има подобрување во борбата против корупцијата каде има 44 бода и слободата на трговијата 86,2 бодови. Во другите критериуми според кој се прави индексот, Македонија има 91,4 бодови кај фискалната слобода, 79,2 кај слободата на работењето, 79 кај монтерната слобода, 76,1 бодови кај државната потрошувачка, 70,7 бода за слобода на пазарот на работна сила и по 60 бодови за инвестициските и финансиските слободи.

Во изминатите години Македонија напредуваше на индексот на економски слободи во најголем дел од креитериумите според кој се прави рангирањето. Македонија направи значителен напредок во зголемувањето на приходите и намалување на сиромаштијата.

Земјата има конкурентен даночен систем и трговски режим како и релативно ефикасен законска рамка што влијае на поттикнување на приватниот сектор, се вели во извештајот.

Се препорачуваат подлабоки институционални реформи со цел да се обезбеди подинамичен долгорочен развој.

Од земјите во регинот во годинашниот индекс на економски слободи Бугарија е на 55, Албанија на 63, Црна Гора на 66, Турција на 70, Хрватска на 81, Србија на 90 и Грција на 130 место.

Во рангирањето во кое се опфатени 176 земји од светот на врвот се Хонг Конг, Сингапур и Нов Зеланд, а на крајот на листата се Венецуела, Куба и Северна Кореа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП