21 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИTurkish Airlines набавува 10 авиони од Airbus

Turkish Airlines набавува 10 авиони од Airbus

turkis airlines avioniw2

Авиокомпанијата „Turkish Airlines“ преговара со „Airbus“ за нарачка на најмалку 10 авиони „Airbus A380“, за сума која е проценува на минимум четири милијарди долари.

Доколку преговорите успешно завршат, тоа би била првата нарачка на овие големи авиони, по онаа која „Airbus“ ја договори со Обединетите Aрапски Емирати во ноември 2013 година на саемот во Дубаи.

Продажбата на најголемиот авион во светот е поттикната од комбинираните дејства на светската економска криза и индиректната конкуренција на моделот „777X“, најголемиот двомоторен авион на „Boeing“, предвиден за транспорт на 406 патници, додека „А380“ во стандардната конфигурација може да собере 535 патници.

Ниту „Turkish Airlines“, ниту „Airbus“ не сакаа да дадат било каков коментар за оваа набавка, пренесува Ројтерс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП