Светската фудбалска федерација (ФИФА) започна истрага против шпанскиот гигант Реал (Мадрид).
Шпанските медиуми јавуваат дека во канцелариите на „Сантијаго Бернабеу“ се добиени документи со кои бараат помош за проверка за прекршување на член 19 од Правилникот на ФИФА.
Престапот на Реал е ист, поради кој беше казнет и нивниот вечен ривал Барселона – трансфер на малолетни фудбалери.
Конкретните обвинувања на ФИФА се за трансферите на двајца венецуелски играчи. Мануел Годо (2000) и Фернандо Масиас (1999) кои биде доведени во клубот на 12-годишна возраст.
Од Реал имаат рок до среда, за да ги испратат сите потребни документи за трансферите и да докажат дека нема прекршување на правилата.
Не е јасно кој и кога го информирал ФИФА за неправилностите во Реал, но со сличен анонимен сигнал беше иницирана и истрагата против Барселона пред една година.