18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИ PayPal „побегна“ од Крим

И PayPal „побегна“ од Крим

paypal_01

Жителите на полуостровот Крим се известени дека налозите на „PayPal“ им се деактивирани.

Меѓународниот сервис за интернет плаќање „PayPal“ во петокот навечер ги извести своите корисници дека ќе ја прекине работата на Крим.

Компанијата оваа одлука и ја препишува на потребата „законите во оваа земја да се усогласат со законите во целиот свет“.

„Тоа беше многу тешка одлука за нас, но за жал ние во моментов не сме во можност да им обезбедиме услуги на клиентите на Крим“, се вели во соопштението кое компанијата им го испрати на корисниците.

„Како глобална компанија која овозможува финансиски услуги, ги вложуваме сите напори за да делуваме според законите кои важат во целиот свет. За жал, ние сега не можеме да работиме на Крим. Се извинуваме поради евентуалните непријатности“, вели официјалниот претставник на оваа компанија.

На крајот на декември минатата година, работата на Крим ја прекинаа и „Visa“ и „MasterCard“.

„Во согласност со американските санкции, „Visa“ во моментов не е во можност да обезбеди услуги и да ги понуди своите производи на Крим“, пишуваше во официјалното соопштение на „Visa“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП